Четириесеттина книжевни преведувачи од земјава и странство учествуваат на 47. Средба на книжевните преведувачи што традиционално секоја година се одржува во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј во Лешок. Тема на годинешнава средба е Ритамот на книжевниот превод.
Претседателот на Друштвото на книжевни преведувачи од Македонија, Стефан Симовски смета дека државните институции, но и книгоиздавачите се’ помалку го вреднуваат книжевниот превод.
Министерството за култур,а годинава буџетот за средбата во Лешок го има намалено за околу 90 000 денари, поради што на истата учествуваат преведувачи од Македонија и само три земји од странство Северен Кипар, Германија и Русија.
„ Можеби не толку кај прозата но кај поезијата мора да се запази римата но и ритам што го има секое дело. Токму затоа сакаме да дадеме соодветна анализа на преводот и препевот особено на делата од последните години“, вели Симовски.
Меѓу учесничките беше и директорката на Македонскиот културен центар во Москва, Русија Олга Панкина која од македонски на руски јазик има преведено над шеесетина книжевни дела:
„Преведувањето е најдобар начин да се пренесе една култура во друга земја и во светот. Колку во конкрениот случај македонски книги ќе бидат преведени се зависи од стратегијата на државата но и на научните кругови“.
Традиционалната средба на книжевните преведувачи во Лешок се одржува веднаш по завршувањето на поетскиот фестивал Струшките вечери на поезијата.