Ден за снег – 40 сантиметри на Попова Шапка, побелени Берово, Маврово, Крушево – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/21 8:45 AM

Ден за снег – 40 сантиметри на Попова Шапка, побелени Берово, Маврово, Крушево

Во текот на ноќта зголемена облачност имаше во источните делови и во првиот дел од ноќта имаше појава на снег во Крива Паланка и Берово. Преку ноќта дуваше умерен до засилен северен ветер најизразен во Штип (и до 50 км/час), Гевгелија и во делови од Скопската котлина. Утрината на запад е сончево со мала облачност.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)

-7 Попова Шапка, -6 Маврово, -4 Крушево, -3 Охрид, Битола, Дебар, -2 Берово, Прилеп, Претор, -1 Крвива Паланка, Штип, 0 Виница, 1 Куманово, 3 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Струмица, 4 Демир Капија, Дојран.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 7 часот изутрина (во см)

40 Попова Шапка, 3 Берово, 2 Маврови Анови, 1 Крушево.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот изутрина (во л/м2)

9 Попова Шапка, 7 Кр.Паланка, Виница, 5 Скопје – Петровец Претор, 4 Берово, Струмица, Маврово, 3 Штип, 2 Битола, Прилеп, Дојран, Крушево, Дебар, Куманово, Охрид, Д.Капија, 1 Скопје – Зајчев Рид

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност поголема во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец поизразен претпладне. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со поизразен северен ветер претпладне. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.