Мојот очај само се засилуваше, тоа не бев јас – Принцот Вилијам во најинтимната исповед до сега зборува за депресијата – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/21 9:59 PM

Мојот очај само се засилуваше, тоа не бев јас – Принцот Вилијам во најинтимната исповед до сега зборува за депресијата

Принцот Вилијам зборуваше за ужасниот ден кога во 2017 година, како пилот на хеликоптер во службата за брза помош, беше сведок на страшна несреќа во која едно момче беше тешко повредено. Тоа момче било само неколку години постаро од неговиот син, принцот Џорџ.

Принцовите Вилијам и Хари ја наследиле желбата и волјата на нивната мајка за хуманитарна работа и да им пружи помош на оние кои имаат потреба, а за таа цел работеле и признале многу работи поврзани со нивното ментално здравје. Како и Хари (37), кој гласно зборува за своето ментално здравје откако се пресели во САД, принцот Вилијам (39) зборуваше за својата депресија и внатрешна борба за подкаст, и секако за добротворни цели. А тоа е и неговото најинтимно интервју досега. Принцот Вилијам зборуваше за ужасен ден кога во 2017 година, како пилот на хеликоптер во службата за брза помош, беше сведок на страшна несреќа во која едно момче беше тешко повредено. Тоа момче било само неколку години постаро од неговиот син, принцот Џорџ.

Станува збор за тогаш петгодишниот Боби Хјуз, кому му бил оштетен мозокот, а принцот Вилијам помогнал да му се спаси животот. Потоа се соочил со депресија и анксиозност, а во интимна исповед раскажал како се чувствувал како „целиот свет умира“.

– Се сеќавам на луѓето кои беа со мене, големите луѓе, моите пријатели. Имавме болничар, лекар и уште еден пилот. Повикот за помош не откри многу, па мислевме дека се работи за полесна повреда, но штом пристигнавме беше очигледно дека се работи за сериозна ситуација. Кога стигнавме на местото на несреќата, имавме само една мисла на ум – како да му помогнеме на тоа момче. Неговите родители беа хистерични, како што можете да замислите, врескаа, плачеа, беа во вистинска агонија. И тоа живее со тебе. Таа вечер отидов дома прилично вознемирен. Не плачев, но почувствував дека нешто се смени во мене – почувствував како во мене расте еден вид напнатост. Беше толку болно за мене, како цел свет да умира… – почна принцот и продолжи: –

Како што поминуваа неделите, мојот очај само се засилуваше. Вие само ја чувствувате сечија болка, сечие страдање. И тоа не сум јас, никогаш порано не сум го почувствувал… Личниот живот ми беше во ред, се околу мене беше ’штимано’. Бев среќен дома и на работа, но во исто време постојано се гледав себеси прашувајќи се: „Зошто се чувствувам вака? Зошто се чувствувам толку тажно?’ И почнав да сфаќам дека траумата и тагата на сите овие луѓе всушност ги носам дома, а сето тоа влијае на човекот. Разговорот со колегите и средбата со семејството на момчето ми помогна да ги победам моите демони со текот на времето, призна Вилијам во подкаст што ќе се емитува.

Разговорот „Prince William: Time To Walk“ е снимен во февруари како дел од аудио серијата на Apple во која познатите личности ги споделуваат своите интимни спомени со јавноста. Трае 38 минути, а за оваа епизода, „Apple“ даде шестцифрена донација на три добротворни организации лично избрани од Вилијам, имено „Shout“ (Велика Британија), „Crisis Text Line“ (САД) и „Lifeline“ (Австралија).

– Навистина не слушате често вакво интервју. Тоа е длабок и значаен приказ на војводата од Кембриџ, не само како член на кралското семејство, туку и како личност – изјави кралски извор во саботата навечер.

Извор: Вечерњи.хр