Кривична за кавадарчанка – Нашла туѓа кредитна картичка и си пазарела во продавници – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/21 5:16 PM

Кривична за кавадарчанка – Нашла туѓа кредитна картичка и си пазарела во продавници

СВР Велес поднесе кривична против А.М.(36) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

На 11.11.2021 во продажен објект во Кавадарци, пријавената пронашла кредитна картичка од банка, сопственост на А.М. и без нејзина согласност во повеќе наврати извршила наплати во повеќе продажни објекти во Кавадарци, со што се стекнала со противправна имотна корист од 13.800 денари.