Сообраќајот по влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/18 8:22 AM

Сообраќајот по влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози -соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.