Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае дали има противкандидат за изборот за лидер на партијата, на Конгресот во недела, 12 декември.
„Не знам, не сум се заинтересирал и не знам дали има поднесено кандидатури за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикувам и охрабрувам сите оние коишто ќе ги исполнат условите согласно статутот на партијата, да поднесат кандидатура. Крајниот рок е самиот ден на одржување на Конгресот,“ изјави Мицкоски во Штип.
Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржи в недела, во СЦ „Јане Сандаски“ во Скопје.
Истиот ден нов лидер ќе бира и СДСМ.