За фирмите дополнителни 12 месеци грејс период за кредитите од „Ковид 3“ линијата – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/21 2:23 PM

За фирмите дополнителни 12 месеци грејс период за кредитите од „Ковид 3“ линијата

Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) објави јавен повик за кредито-корисниците од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 12 месеци, според Анекс Договорот за администрирање на Фондот за микро и мали претпријатија,
Од РБСМ соопштија дека компаниите треба да поднесат електронско барање до банката, кое може да се преземе од веб-страницата, да ги прикачат електронски, на веб форма објавена во самиот повик.

„Како услов за одобрување на барањето за дополнително утврдување на грејс – периодот и продолжување на рокот на отплата на кредитот е кредитокорисникот, пред поднесување на барањето, да ги има подмирено сите доспеани обврски по основ на главница и камата по кредит од кредитната линија од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид 3)“, се вели во соопштението.
Повикот важи заклучно со 11 декември 2021 година, коа е и последниот ден за поднесување на брањата, а барањето за дополнителен рок и грејс–период, не го елиминира правото во иднина да се поднесе барање за отпуштање на долгот од 30 проценти од износот на кредитот.