Една патничка е пренесена во Клиничката болница во Штип, со повреди кои настанале во сообраќајната незгода во која учествувале две патнички возила.
-Жената е на преглед кај хирург, по што ќе знаеме повеќе за повредите, соопштија од Клиничката болница во Штип.
Според штипската полиција, незгодата била пријавена кај нив во 12:04 минути, по што е изелезено на терен.
-Незгодата се случила меѓу две патнички возила кои се движеле во спротивен правец на излезот од Штип, на патот Штип – Кочани кај Чардаклија. Увидни екипи се на терен, соопштуваат од СВР Штип.
Засега возилата наизменично се пропуштаат.