Турскиот клуб Фенербахче преку официјалната веб-страница ги отфрли гласините за започнати преговори со играчот од средниот ред на Тотенхем, Муса Сисоко.
Преку соопштение објавено на веб страницата, клубот ги негираше информациите за обидот да се реализира трансфер со 29-годишниот француски репрезентативец.
– Ние не преговараме ниту со клубот, ниту со самиот Сисоко, ниту со тренерот – се вели во соопштението на Фенербахче.
Инаку, Сисоко кариерата ја почна во Тулуз од каде се пресели во Премиер лигата, прво во Њукасл, а потоа во Тотенхем.