Вселенски туризам: Русија утре го праќа милијардерот Маезава на вселенската станица МСС – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/21 12:03 PM

Вселенски туризам: Русија утре го праќа милијардерот Маезава на вселенската станица МСС

Русија утре на Меѓународната вселенска станица (МСС) ќе го испрати јапонскиот милијардер Јусаки Маезава, со што по десетгодишна пауза, ќе ја врати Москва на „бизнисот“ со вселенски туризам.

Еден од најбогатите Јапонци, 46-годишниот Маезава, ќе полета од космодромот Бајконур во Казахстан, придружуван од неговиот помошник Јозо Хирано. Маезава е основач на најголемиот јапонски интернет трговски центар, а е 30 најбогат човек на листата на Форбс.

Патувањето во вселената на Маеза се организира во време кога Русија се обидува да го одржи чекорот со западната конкуренција во модерната вселенска трка.

Со Сојузот, авионот со три седишта, ќе управува 44-годишниот руски космонаут Александар Мисуркин, кој веќе бил во две мисии во МСС.

Маезава и Хирано ќе поминат 12 дена на вселенската станица за кое време ќе го документираат своето патување, а ќе биде достапен на каналот на Маезава на Јутјуб, каде што има повеќе од 750.000 следбеници.Тие двајцата ги поминаа последните неколку месеци на обука во Ѕвездениот град, каде што тренираа генерации советски и руски космонаути.
Во соработка со американската компанија Space Adventures, Русија досега испрати седум богати туристи во вселената.
Оваа година беше пресвртна точка кога станува збор за патувањето на аматерите во вселената.
Во септември, SpaceX направи историски лет на мисија наречена Inspiration4 за да го однесе првиот целосно цивилен екипаж на тридневно патување околу Земјината орбита.
Компанијата Blue Origin на основачот на Амазон Џеф Безос заврши две мисии надвор од атмосферата на Земјата. Меѓу патниците биле и 90-годишната ѕвезда од „Ѕвездени патеки“ Вилијам Шатнер и Безос.

Русите еден ден ќе им понудат на туристите прошетка низ вселената. Во 2023 година, SpaceX планира да однесе осум аматерски астронаути на патување околу Месечината, кое Маезава го финансира и каде учествува.

Извор и фото: Kurir.rs