Војниците добија втор комплет борбени униформи, Армијата е целосно опремена – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/21 9:25 AM

Војниците добија втор комплет борбени униформи, Армијата е целосно опремена

Министерството за одбрана обезбеди и втор комплет на 7000 нови борбени униформи за припадниците на Армијата. Баталјонот за специјални сили добива нови 700 комплети на  борбени  униформи, специјално дизајнирани според нивните побарувања.

„Пред само неколку години, еден од најспоменуваните проблеми во Армијата беше недостигот на чизми и униформи за нејзините припадници. Покажавме дека со политичка волја и работа можат да се решат тие проблеми. Но, не застанавме тука. Го решивме проблемот, но воспоставивме и систем на снабдување кој треба да гарантира дека таквите проблеми никогаш нема да се повторат. Затоа, беше воведено правило на целосна покриеност на припадниците на Армијата со два комплета борбена униформа, и тоа правило целосно го реализиравме“, соопштија од Министерството за одбрана.

Новите униформи вчера пристигнаа во касарната Ѓорче Петров во Скопје. Со ова целосно се завршува опремувањето на Армијата со нови борбени униформи.

О.К.

фото: МО