(фото) Македонските планини под снег, почнува да снежи и во пониските места – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/21 9:22 AM

(фото) Македонските планини под снег, почнува да снежи и во пониските места

Камерите на Ски Македонија прикажуваат значителни врнежи од снег на високите места. Вистинска снежна бајка на Попова Шапка, каде според УХМР има 48 сантиметри снег. Според моменталните снимки, снежи на Водно, Крушево, Пониква, Пелистер. Дел од атмосферата пренесуваме во принтскрин од некои од повисоките места.

Маврово

Водно

Ниже Поле – Пелистер

Попова Шапка

Температури во 7 часот (УХМР) 

-4 Попова Шапка, -2 Лазарополе, Маврово, 0 Крушево, 1 Кр.Паланка, Куманово,  Дебар, 2 Прилеп, Штип, Виница, 3 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Охрид, 4 Струмица,  Д.Капија, Претор, 5 Берово, 6 Дојран, Гевгелија.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 7 часот изутрина (во см)

48 Попова Шапка, 1 Крушево, Пожаране.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот изутрина (во л/м2)

43 Берово, 31 Струмица, 25 Дојран. 21 Крвива Паланка, 20 Виница, 18 Маврово, Претор, Попова Шапка, 16 Дебар, 14 Охрид, 12 Лазарополе, 11 Штип, Гевгелија, Крушево, 7 Скопје-Петровец, 6 Битола, Прилеп, 4 Д.Капија, 3 Скопје.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Облачно со повремени врнежи од дожд,  на планините од снег, а во текот на ноќта  преминаа во снег и на повисоките места со над 800 м.н.в. Врнежите беа пообилни во источните делови од земјата. Дуваше умерен, на места засилен ветер од северен и северозападен правец, кој во Штип достигнуваше брзина над 50км/ч/.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, Во текот на денот во повисоките делови од Скопската котлина ќе врне повремен слаб снег. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.