Меган Фокс и нејзиното момче дошле на забава врзани со синџир – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/21 9:45 PM

Меган Фокс и нејзиното момче дошле на забава врзани со синџир

Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели присуствуваа на презентацијата на новата унисекс линија на лакови во Западен Холивуд, а на забавата дојдоа поврзани со синџир.

Заљубениот пар на црвениот тепих се појави во црни комбинации, а ги поврзуваше сребрен синџир.

Нивната уметничка за нокти Бритни Бојс преку Инстаграм откри дека изгледот е постигнат со користење на три нијанси од колекцијата на MGK: „Party Favor“, „25 to Life“ и „Depressionist“.

„Откако се исушија ноктите, користев пирсинг за да им ги прободам и двата розови нокти и им додадов прстени, за да можам да им закачам два синџири за да се спојат“, вели таа.

На настанот присуствуваа и ѕвезди како Аврил Лавињ и Џеси Џо Старк.

Двојката е во врска од мај 2020 година, а се запознале за време на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“. Фокс подоцна во неколку наврати истакна дека почувствувала чудна врска со Кели кога првпат го запознала: „Знаев дека нешто одлично ќе излезе од оваа врска, веднаш почувствував дека сме длабоко и особено поврзани“.

Извор: Нова.рс