Во манастирот во Матка се одбележува Успение на Пресвета Богородица – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/18 6:46 AM

Во манастирот во Матка се одбележува Успение на Пресвета Богородица

Во манастирот во Матка крај Скопје денеска со Света Божествена Литургија и со народен собир ќе биде одбележан христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Празнувањето почна синоќа со Вечерна Богослужба, духовна академија и сеноќно бдение со црковно пеење и читање псалми.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма, а во манастирскиот двор ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција.