Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици го зафати регионот на струмичко Ново Село вечерва околу 18:00 часот.
Според очевидци, градот паѓал околу 15 минути. Тие велат дека за овој период од годината е невообичаено да паѓа град и тоа сув.
Зрната од градот не биле големи и според првичните сознанија најмногу штета предизвикале на автомобилите.
МИА