Недеви одржаа семинар во Романија – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/18 6:39 AM

Недеви одржаа семинар во Романија

Генералниот секретар на Европската Традиционална карате федерација, Дејан Недев и претседателот на техничката комисија на ЕТКФ Венцислав Недев одржаа предавања и тренинзи на семинар во Ефорие, Романија.

Недеви на семинарот презентираа повеќе атрактивни борбени техники, кати и бункаи-апликации.

На семинарот учествуваа над 300 каратисти од повеќе европски земји.

Свои предавања до крајот на семинарот ќе одржи и легендарниот карате мајстор Владимир Јорга 9 дан – Претседател на ЕТКФ.