Тажна вест: Лавина го затрупа светскиот првак во мотокрос додека скијал во Австрија – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/21 4:17 PM

Тажна вест: Лавина го затрупа светскиот првак во мотокрос додека скијал во Австрија

Младата ѕвезда на мотокрос Рене Хофер (19) загина додека скијал во Австрија! Тој бил дел од групата од 11 скијачи која ги затрупала лавината, но за разлика од него, како и уште две лица, останатите успеале да се спасат и да ја преживеат страшната несреќа.

Спасувачката служба ги пронашла нивните тела после долга потрага. Едно лице починало кратко по пронаоѓањето, второто на пат кон болница, а третото го извлекле четири часа по лавината. Не е наведено кое од овие лица било Рене Хофер, но за несреќа не можеле да го спасат.

Хофер инаку беше еден од најдобрите млади возачи на мотокрос на светот, повеќекратен шампион на Европа и на светот, а од минатата година возеше за Ред Бул КТМ кој соопшти дека нивниот член загинал.

Преостанатите скијачи се повредени, но се во стабилна состојба.

Извор: Mondo.rs