Трагедија: Закопа мајка, татко, сестра, брат, син од брат и родена ќерка – Животот му удри жестоки шлаканици на музичарот Милиќ Вукашиновиќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/22 7:00 PM

Трагедија: Закопа мајка, татко, сестра, брат, син од брат и родена ќерка – Животот му удри жестоки шлаканици на музичарот Милиќ Вукашиновиќ

Познатиот музичар Милиќ Вукашиновиќ за жал уште во младоста се сретнал со алкохол, дрога и многу други пороци кои го придружуваат рокенролот. Тој тврди дека првиот сексуален однос со проститутка во паркот го имал на 12 години. Првата голема љубов ја запознал уште додека бил во средно училиште. Се венчале во 1978 година, а таа љубов траела цели 30 години. Ја имаа ќерката Маја.

За нивниот брак зборуваше вака: „Триесет години сме во брак, често ја изневерував, но тоа бев јас. Ќерка ми е родена 1983 година. Тоа го славев два-три дена во градот, сите знаеја дека ја извадив од болница и ја однесов дома. Ја купив првата видео камера тогаш, чинеше 16.000 марки. Ја снимав ќерка ми до војната, до деветтата година. Беше многу разгалена, не сакаше да јаде, само пиеше вода. Само врескаше кога мораше да јаде“.


По разводот ја запозна Нина Рајковиќ со која задно беше 13 години. Поради порок и оваа врска се распадна. Денес е во брак со 24 години помладата жена Сузана Вучиќ.
Милиќ се извлече од сите пороци, но за жал неговата ќерка не успеа. Ќерката на музичарот е пронајдена безживотна во неговиот стан, а тој се уште не се помирува со тој факт.

Откако ја загуби ќерката Маја во јули 2018 година, музичарот Милиќ Вукашиновиќ откри дека ја изгубил и својата братучетка, а потоа на Твитер напиша:

„Закопав се живо, мајка, татко, сестра, брат, син од брат и родена ќерка. Да ти го е… животот. Претпоставувам дека Господ ме чува до крај.

Во едно интервју, тој рече дека знаел дека неговата ќерка има проблеми со дрога и опијати.

„Тоа е таа несреќа, кога  ќерката ќе се заљуби во момчето што е на игла“, рече тој.

Познатиот рокер во еден момент навистина бил на работ на егзистенција кога, како што вели, потрошил милион и пол евра во својот развратен живот, а потоа заедно со сопругата Сузана решиле да започнат бизнис, односно продавање хемикалии за домаќинство.

 

Извор и фото: stil.kurir.rs