Националната радио станица Канал 77, воведе онлајн продавница, со цел да создаде солиден и одржлив извор на финансирање за својата основна дејност – создавањето на квалитетни вести. Овој иновативен пристап, со кој Радио Канал 77 стана меѓу првите медиуми во земјата што се фокусираа на таква диверзификација на своите приходи, беше поддржан од обучувачи за градење на капацитети и експерт за е-трговија од Фондацијата Томсон.
Во онлајн продавницата наречена, „Супер 7“, се продаваат промотивни материјали со брендот на Канал 77 и продукти и услуги од други компании. Освен преку радиото, вестите и другите продуцирани содржини се објавуваат и на сестринскиот интернет портал, Македонски медиа сервис (ММС).
„Главната предност на Радио Канал 77, во споредба со другите компании кои продаваат онлајн, е во тоа што радиостаницата и веб-порталот ММС, веќе имаат лојална публика која им верува како навремени, релевантни и објективни извори на информации“, велат од Канал 77.
Создавањето на квалитетни новинарски производи, е тесно поврзано со финансиската стабилност и одржливото работење. Новиот бизнис модел ќе ги искористи придобивките од дигитализацијата, како и можностите за монетизација со помош на публиката на Радио Канал 77. Покрај онлајн продавницата, тие се фокусираат и на развивање на Фан клуб Канал 77.
Радио Канал 77 започна со работа во 1991 година како локална радиостаница во Штип. Со текот на годините се разви и прерасна во национална радиостаница, во која моментално се ангажирани 10 вработени со полно работно време и 5 со скратено, како и мрежа од 16 дописници, кои обезбедуваат вести од локално и регионално ниво. Вработените работат во две добро опремени студија (главното, лоцирано во Штип, и второто во Скопје).
Текстот е превземен од: https://journalift.org/mk/