Отворено советувалиште за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на семејно насилство – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/21 12:25 PM

Отворено советувалиште за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на семејно насилство

Во состав на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска во Скопје се отвори советувалиште за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство. Тоа ќе обезбедува услуги за жени и деца-жртви на различни форми на родово базирано насилство.
Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство за МИА информира дека советувалишниот центар ќе им обезбеди помош и поддршка на жените-жртви, според нивните потреби.

„Без разлика дали жената ја донела одлуката да го напушти насилникот и отишла и пријавила во некоја од надлежните институции или се уште не пријавила и не ја донела одлуката, туку е во фаза на размислување што да направи, советувалишниот центар ќе и обезбеди помош и поддршка. Тука се ангажирани две социјални работнички, терапевтка и правничка“, рече Димушевска..
Во однос на психолошката помош и поддршка, терапевтката на претходно договорени сесии ќе работи со жртвата на надминување на последиците од преживеаното насилство, на планирање на иднината, на унапредување на родителските вештини.
Правната помиош е во смисла на подготовка на тужба за развод, барање за изрекување на привремени мерки за заштита, придружба од тимот на советувалиштето до релевантните институции и слично.

„Кариерната советничка закажува индивидуални сесии и работи со жртвите, им помага во бараљето работа, контактира со работодавците и работи со нив на унапредување на оние меки вештини: подготовка на СиВи, на интервју за работа, комуникациски вештини и тоа во целиот процес на советување се поминува како една целина“, рече Димушевска.