Регулаторната комисија за енергетика за идната година си предвиде повеќе пари во својот план за трошење за електрична енергија и нафта за 35 проценти. Ова го правда со повисоките цени на овие енергенси. Но, само за електрична енергија планот на регулаторна е да потроши двјно повеќе пари од годинава, како резултат на повисоката цена на струјата.
Регулаторното тело кое практично ги утврдува цените на струјата и нафтените деривати во земјава, според планот за своите расходи кои го предал до Собранието, предвидува дека и до година ќе не тресат високи сметки за струја и горива. Пактично ова значи дека за толку и идната година ќе бидат поголеми трошоците на приватните компании кои струја набавуваат од слободниот пазар. А со оглед на тоа дека се предвидува и зголемување на цените на струјата за домаќинствата после нова година, неофицијално за 20 проценти, се очекува и домаќинствата да го понесат товарот од енергетската криза.
„Расходите за потрошена енергија за 2022 година се предвидува да се зголемат за 35,14% во однос на одобрените расходи за енергија со финансискиот план за 2021 година како резултат на зголемената цена на електричната енергија и нафтените деривати на енергетските пазари.“- стои во Предлог финансискиот плана на Регулаторна за 2022 година кој е доставен до пратениците в о Собранието.
Математиката на Реулаторна покажува дека вкупно догодина за енергија планира да потроши 30.520 евра, што е за 6.000 евра повеќе од планот што го имала за годинава (24.000) ,а сепак потрошила уште помалку (20.343евра).
Она што е највоочливо е дека Регулаторна речиси двојно повеќе пари си предвидува за електрична енергија од тоа што потрошила годинава,а сетоа тоа како резулат на повисоката цена на струјата и догодина.
Така од вкупно 30.000 евра за енергија, дури 22.764 евра се за електрична енергија, што е двојно повеќе од тоа што е потрошено годинава или 11.593 евра.
Покрај тоа што се зголемени сите ставки за расходи за догодина, регулаторна за 160.000 евра ја зголемува и ставката за плати и надоместоци за вработените. Така со планот за годинава биле предвидени 803.848 евра за плати и надоместоци, а за догодина 964.107 евра.
„Со предложениот финансиски план во групата 1- Плата и надоместоци на плата предвидени се средства за платите на вкупно 49 вработени во РКЕ, од кои 44 се тековно вработени и 5 се нови вработувања што е предвидено да се реализираат во 2022 година, врз основа на планираниот зголемен обем на работни обврски, а согласно новите надлежности на РКЕ, предвидени со Законот за управување со отпадот. Ставката Плати и надоместоци на плати ги содржи потставките – нето плати, задолжителни придонеси од плати, персонален данок и останати надоместоци во согласност со закон и планираниот износ е за 19,94% поголем во однос на одобрениот со финансискиот план за 2021 година.“-стои во Предлог финансискиот плана на Регулаторна за 2022 година кој е доставен до пратениците во Собранието.
Инаку за догодина Реулаторна планира да прибере и да потроши 204.000 евра повеќе од годинава. Така планот е да собере 1.287.550 евра, а да потроши 1.491751 евра.
(А.С.)