Шампионската борба на Луис Хамилтон од Мерцедес и Макс Верстапен од Ред Бул ќе биде решена во последната трка од сезоната, во Абу Даби следниот викенд! Тоа е епилогот од спектакуларната ноќна трка во Саудиска Арабија каде што Луис Хамилтон стигна до нова победа, трета во низа и се изедначи на листата на возачи со Верстапен пред последното Гран При. Двајцата после 21 трка имаат 369,5 поени!
А на овој крај му претходеше филска трка во која Британецот и Холанѓанецот се менуваа во водството откако трката двапати беше рестартирана после тешкиот судар на Мика Шумахер од Хас во раната фаза. За среќа, синот на легендата помина без тешки последици, но возачите мораа двапати назад на почеток.
При еден рестарт се случи и судар на повеќе болиди, а Ферстапен во хаосот го претекна Хамилтон со возење надвор од патеката. Се користеа сите средства, а Макс предизвика судар со Хамилтон откако нагло стисна на кочницата.
– Не сфатив зошто одеднаш така силно удри на кочницата. Во тој момент налетав на него – рече Хамилтон за сударот.
Верстапен беше шокиран од казната и рече дека спортот е сведен само на казни, а не на трки.
The moment @LewisHamilton drew level in the championship fight, with victory in Saudi Arabia ⚔️#SaudiArabianGP 🇸🇦 #F1 pic.twitter.com/plmETztmoh
— Formula 1 (@F1) December 5, 2021
Извор: Mondo.rs
фото: Twitter/F1