Хрватскиот сексуален терапевт д-р Горан Арбанас кој има амбуланта во Клиниката за психијатрија Врапче за тамошните медиуми рекол дека е зголемен бројот на пациенти кои прележале ковид-19 а потоа се пожалиле дека имаат потешкотии во креветот.
– Имаме неколку пациенти кои се јавија поради еректилна дисфункција која е секогаш комбинација на органски промени и психогени причини. Истражувањата покажуваат дека короната може да ги оштети клетките кои потоа влијаат врз ерекцијата. Но, од друга страна во прашање е нова и смртоносна болеста создава страв и прави што потешко да се враќаме на секојдневниот живот, па и на сексуалните односи – изјави тој.
Во клиничката болница „Сестри милостливи„ исто така се лечат пациенти кои имале ковид а сега имаат проблеми со потенцијата. Важно е да се нагласи дека и кај нив се применува вообичаената терапија, рече д-р Игор Грубишиќ, специјалист по урологија.
– Меѓу пациентите има и многу млади луѓе по околу 20 години кои инфекцијата со ковид ја издржаа на нога. Тоа би можело да значи дека проблемот со еректилната дисфункција кај пациентите кои прележале корона не мора да биде поврзан со тешките симптоми или да не ги погодува само пациентите кои завршиле на респиратор и се борат за живот. Но, се уште немаме доволно информации да тврдима дека ковидот е главна причина за овој проблем – вели д-р Грубишиќ.
Извор: Mondo.rs