Многу болести денес се јавуваат поради лошиот начин на живот, стресот, загадувањето, претераната консумација на храна и алкохол, генетиката. Сите овие состојби може да го доведат организмот во ситуација сам себеси да се напаѓа, што всушност значи дека личноста има автоимуна болест, меѓу нив и лупусот кој го има Јелена Томашевиќ, сопруга на кошаркарската звезда Дејан Томашевиќ, миленик на фановите ширум Балканот.
Своето искуство за тешката болест таа го сподели во емисијата „Ординација“ на РТС.
Првите симпоми на болеста се јавиле пред десет години и биле неупадливи, вели мајката на четири деца и сопруга на бившиот кошаркар Дејан Томашевиќ.
– Забележав дека после четвртото породување ми отекува еден прст, па следниот ден друг. Се обратив до лекарите кои после сите анализи открија дека имам лупус. Тогаш првпат дознав дека има таква болест со тоа име – раскажа Јелена и додаде дека тоа се случило додека живееле во Шпанија.
Малку потоа Дејан потпишал договор во Грција. Се преселиле во Атина каде што побарала второ мислење, но дијагнозата само била потврдена.
– Лекарот ми објасни дека без разлика што имам 36 години, моето тело е старо 75. На моја штета открија дека покрај лупусот сум добила и ревматичен артритис.
По ова таа се вратила во Белград и го почнала лекувањето. Во тој период и неочекуваната дијагноза, славниот кошаркар истакна дека периодот им бил стресен со болеста, со преселбите, со раѓањето на Матија, но Јелена го поднела тоа стоечки.
– И ако имаше здравствени проблеми, не се жалеше никогаш. Секогаш јас бев во центарот на вниманието. Нејзиниот најголем квалитет е што не дозволува да почувствуваме дека е болна. Потоа дознавме дека се трудела да се осами кога и било тешко, да оди и да се исплаче, да ја викне сестра и да ја подели маката, но се трудеше ние дома да не забележиме – рече Дејан Томашевиќ.
Јелена откри дека понекогаш симптомите се толку болни што не може да се измие ниту очи.
– Ако ми отечат зглобовите, не можам воопшто да се движам и не сум во состојба да се облечам, да се бањам. Ако имате бебе дома, не можете да го гушнете, не можете да си играте со него. Тоа е многу поболно, тогаш не ве боли телото, тогаш ве боли умот и духот, а најмногу душата – раскажа Јелена која е благодарна што со Дејан имаат фантастична врска и чиста љубов што ги прави буквално една личност.
Болеста и го сменила животот и сега размислува што ќе се случи и што ќе биде со децата, ако таа не е способна да се движи.
– Расте бесот. Затоа што може нема да бидам на свадбата на Мања. Можеби нема да бидам жива кога Матија ќе тргне на училиште, нема да бидам со динот кога ќе заврши факултет. Просто е, негативната енергија само се лепи. А потоа кога ќе дојдат децата да те гушнат, си велиш „Го можеш ти тоа“. Имаш со кого и имаш порадо кого – откри Јелена во својата исповед која ги потресе сите во студиото.
Извор: Mondo.rs