Италија ги заострува мерките пред празниците, се воведува носење маски и на отворено – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/21 6:15 PM

Италија ги заострува мерките пред празниците, се воведува носење маски и на отворено

Скијачите овој викенд се вратија на падините на италијанските Алпи после две сезони кои ги уништи пандемијата со ковид-19 и покрај заканата која сега ја носи варијантата омикрон.

Неколку скијачки центри ги пуштија жичарниците како Червинo и Кортина д’Ампецо.

– Ова ќе биде година на скијањето после затворањата кои ги имаше поради пандемијата која тешко го погоди овој сектор кој воопшто не работеше минатата сезона, како ниту зимата во 2020 година – нагласи Валерија Гечи, претседател на Националното здружение на ски оператори.

Во Италија се воведуваат и нови мерки. Во пресрет на Божиќ се повеќе италијански градови воведуваат задолжително носење маски во градските средини, а мерките ќе важат заклучно со новогодишната ноќ.

Со новите мерки се опфатени туристички места во Рим на Шпанскиот плоштад и познатата трговска улица Виа дел Корсо. На северот од Италија во метрополите Милано, Бергамо и Болоња се воведени слични мерки.

Од утре стапува на сила и новата владина мерка со која се воведува „супер грин пас“ (зелена потврда за вакцинација) која ќе важи се до 15 јануари.

Министерството за внатрешни работи издаде наредба за засилени контроли за почитување на мерките, посебно во јавниот превоз кој од утре може да го користст само вакцинираните или оние со негативен тест.

Извор: Nova.rs

Фото: aa.com.tr/