Од СВР Битола потврдија дека има застојот на патот кон Плетвар. Причината за тоа е сообраќајна несреќа што се случила во 11 часот на магистралниот пат Прилеп – Градско, помеѓу товарно возило и автомобил со марка „Фиат“, при што возачот кој управувал со автомобилот „Фиат“ починал на лице место.
Возилата се движат во колона во еден правец, а од другата страна возилата се пренасочуваат по земјен пат.