Централното собрание на Алтернатива го потврди влезот на оваа партија во Владата, меѓутоа, за договорените ресори ќе биде соопштено утре, кога свечено ќе биде потпишана Програмата за владеење меѓу Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Ова по состанокот го соопшти портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани ги соопшти одлуките на Централното собрание партијата, која има 4 пратеници, да се приклучи на мнозинството и на актуелната влада.
-Причините се пред се’ во историскиот момент на отворање на преговорите со ЕУ, затоворање на спорот со Бугарија, кои се и албански цели и го отвора патот за целиот регион, рече Муртезани.
Гаши информирал за досегашните преговори и програмските точки. Од Владата се бара меѓународно вклучување во сензитивните случаи како Монструм, потоа се инсистира на рамномерен регионален развој, потоа еконмски развој на Липковско, заштита на цена на струја и друго.
Што се однесува до обврските на Алтернатива во Владата, Муртезани ги нарече „значајни и тоа во областите здравство, борба против криминалот и корупцијата, енергетските органи, образованието, културата, со цел поддршка на граѓаните за подобар живот“.
За утре во13 часот е закажано свечено потпишување на Програмата за владеење. За конкретните решенија за преземаните обврски од Алтернатива, ќе решаваат внатрепартиските органи.
-Не се исклучува идна соработка со Алијанса на Албанците, бидејќи коалицијата не е раскината. Со оглед на тоа дека претстои значајно сензитивен период, предвремените избори не се решение и затоа дадовме предност на стабилноста на државата, рече Муртезани.