Драматичен крај на квалификациите во Џеда – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/21 7:38 PM

Драматичен крај на квалификациите во Џеда

Макс Верстапен удри во заштитните бариери во последниот круг, со што се најде на П3 позицијата пред трката во Саудиска Арабија. Ривалот за титулата, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата. Валтери Ботас се најде на P2.
-Навистина не разбирам што се случи [на последниот летечки круг]. Закочив малку. Пол 3 позицијата е разочарувачки старт на трката, но денес покажа дека автомобилот е брз,па ќе видиме што ќе се случи утре, рече Верстапен.
По квалификациите Хамилтон искажа воодушевување за патеката во Саудиска Арабија.
-Каква тешка патека е ова. Неверојатно е тоа што го изградија, брзината и темпото овде се феноменални. Ова е одличен резултат за тимот и одлична работа на Валтери [P2] – тој е најдобриот тимски колега што некогаш бил во овој спорт, рече Хамилтон.

Саудиска Арабија ќе биде домаќин на 21. трка сезонава, претпоследната во Светскиот шампионат во Формула 1.
Трката ќе се одржи на патеката „Џеда“, долга 6.174 метри во градот Џеда. Стартот на трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе започне во 18:30 часот