Пред натпреварот од 17. коло на Тинкоф РПЛ, фудбалерите на рускиот клуб „Зенит“ се појавија на теренот заедно со бездомни кученца од шест засолништа, како дел од акцијата за поддршка на бездомните животни. „На кучињата им е подобро дома!“ е именувана акцијата, со која сино-бело-сина го воодушеви целиот свет.
🐶💙😍 #СобакамЛучшеДома pic.twitter.com/5QA9OeLC6D
— ФК «Зенит» (@zenit_spb) December 3, 2021
Ова акција е во пресрет на Светскиот ден на домашните миленици, што се слави секоја година на 30 ноември. Во чест на празникот, сино-бело-сините раскажаа за нивните четириножни миленици и го докуменираа на видео блог.
Социјална акција на „Зенит“ “Кучињата се подобри дома!” има за цел да насочи внимание на јавноста со одговорноста за домашните миленици и грижата за нив, како и да ги повика сите грижливи луѓе да помогнат и да ги подобрат прифатилиштата. Клучен партнер на акцијата беше Руската кинолошка федерација.