Бранко Ѓуриќ Ѓуро – Босанец кој не јаде босански ќебап – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/21 5:55 PM

Бранко Ѓуриќ Ѓуро – Босанец кој не јаде босански ќебап

Можеби необично за Босанец, но легендарниот актер Бранко Ѓуриќ Ѓуро не јаде месо цели 17 години. Во новиот филм на оскаровецот Данис Тановиќ „Десет на половина“, овој вегетаријанец глуми ќебапџија, сопственик на еден од најпопуларните ќебапџии во Сараево.

За магазинот Ин откри зошто често не му веруваат дека не јаде месо, колку тоа му го променило животот и која е тајната на успехот на неговата претстава „Ѓурологија“.

Тој е музичар, режисер, сценарист, писател и косопственик на театарот, а во новата комедија на оскаровецот Данис Тановиќ „Десет на половина“ легендарниот Бранко Ѓуриќ – Ѓуро ја има главната улога, онаа на амбициозен бизнисмен, ќебапџија Енес.

-Ќебапите ги ставаше на крај. Тотално би ги исфрлил, тоа е приказна за љубовта, за пријателството, за еден град, за нивните животи, карактеристиките и ќебапите се само украс“, вели Бранко.

Во филмот тој глуми сопственик на ќебапчилница, кој во еден момент доаѓа во конфликт, па се поставува прашањето кој подобро пече ќебапи.

„Па, би можеле да се натпреваруваме кој пече подобри пици, случајно се ќебапи, јас избегнувам ќебапи затоа што сум вегетаријанец“, вели Бранко, кого поради филмот сите го прашуваат каде се јадат најубавите ќебапи.

-Сите тоа ме прашуваат, дури и кога бевме сега во Белград, кога реков дека сум вегетаријанец, почнаа да ми се смеат, пред се’ новинарите, бидејќи тоа е необично. Босански веге, добра работа, но така е веќе 17 години“, вели Ѓуро.

 

Ин