Нека ме тужи Заев, нема да извинам – Таравари му одговори на премиерот – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/21 5:45 PM

Нека ме тужи Заев, нема да извинам – Таравари му одговори на премиерот

Гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари нема намера да му се извини на премиерот Зоран Заев, по изјавата во која кажа дека нудел пари на пратеничка за да ја придобие при формирање на парламентарно мнозинство.

Таравари тврди дека ја зборувал вистината и оти обајцата знаат што се случило, напомена во одговорот на новинарско прашање, денеска во Гостивар.

– Тој знае дека и јас знам. Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи, тука сум. Меѓутоа ќе дојде времето кога за оваа работа ќе се прозбори јавно. Бидејќи сме во хибриден режим и не сакам да вовлекувам нашите пратеници во непријатна ситуација, оваа приказна и таа тема ќе ја завршам тука. Јасно е што е направено, изјави Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците.

Таравари неодамна во телевизиско интервју обвини дека низ земјава се „шетало со куфери полни пари” и оти пратеничка од редовите на Алијанса за Албанците добила понуда од пријатели на премиерот да премине од опозиција во владејачкото мнозинство. По ова следеше демант од премиерот Заев и најава за тужба доколку Таравари не се извини за кажаното.

 

МИА