Алсат: Алтернатива ги добива министерствата за здравство, информатичко општество, Мепсо и три заменици министри – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/21 3:47 PM

Алсат: Алтернатива ги добива министерствата за здравство, информатичко општество, Мепсо и три заменици министри

Пред вечерашната средба на највисокото партиско раководство на Алтернатива, Алсат ТВ неофицијално ја објавува понудата што Зоран Заев му ја дала на Африм Гаши за влез во Владата.

„Станува збор за два ресора – здравство и информатичко општество, како и тројца заменици министри. Се шпекулира дека министер за здравство ќе биде партискиот секретар и поранешен кандидат за градоначалник на општина Чаир, Беким Сали. Гаши планира Министерството за информатичко општество и администрација да му го довери на огранокот на Алтернатива во Куманово.За имињата од вториот ешалон, неофицијално се очекува партијата на Гаши да го предложи Орхан Муртезани за директор на МЕПСО, пишува Алсат.

По состанокот на Централното претседателство на Алтернатива, најавена е прес конференција, кога ќе биде соопштена партиската одлука.