Во населбата Сењак во Штип, нешто пред пладне, на раскрсницата под трговскиот центар „Елкос“ се судрија такси возило и мотоцикл. Полицијата излезе на терен на увид, додека полека се собираа минувачи. Додека се врши увид, затворена е главната сообраќајница. Возилата се пренасочуваат преку дворот на трговскиот центар.
Се судриле патничко возило „венто” управувано од 71- годишен возач и мотоцикл, управуван од 19 – годишник, кој со него возел 17 годишно момче, двајцата префрлени во Клиничката болница во Штип. Еден од повредените завршил во Шок соба, со потешки повреди.
Таксистот не е повреден, има само материјална штета на возилото.