Миле Зечевиќ од СДСМ, кој гостува во емисијата Стадион, критички зборува за изборниот пораз на последните Локални избори и за калкулациите со изборот на наследникот на Зоран Заев.
Зечевиќ по подолго време се појави со медиумски настапи, што рече дека го направил поради внатрешен порив.
-Почувствував еден внатрешен порив. Јас со години работам во таа партија. Со Ковачевски се видовме и разговаравме, а се видовме и вчера. Моето излегување на ТВ не е да влезам во фаза на преговарање, рече Зечевиќ.
За поразот има повеќе причини, смета Зечевиќ, но ако влезете во анализа има повеќе причини – државна политика, локал политика, неквалитетни, нестручни кадри кои ги вршеле функции и народот остана презаситен.
-Апсолутно беше погрешно вадење на ЛДП и ДПМ од аспект на водење на кампања и коалиција. Да одлучвав, немаше тоа да го дозволам. Реално тоа се покажа на резултатите. Постои клонирано незадоволство на граѓаните треба да најдеш тоа да го канализираш .Ова придонесе за лавина контра потези и изгубивме многу клучни места не само во Скопје, кажа Зечевиќ во Стадион.
Во однос на растот на Левица, Зечевиќ вели дека земаа гласови и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ.
-Ги сметам како „револт гласови“ на граѓани кои се револтирани. Но револтот не не’ носи напред, туку само во деструкција, рече Зечевиќ.
Објавено на: 12/4/21 10:45 AM