Најмногу дожд наврна во Берово, најстудено во Попова Шапка – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/21 8:40 AM

Најмногу дожд наврна во Берово, најстудено во Попова Шапка

Претпладне дождливо во делови од државата, додека попладне разведрување – тоа е најавата од метеоролозите за денеска. Според мерењата на УХМР до 7 часот изутрината најмногу дожд наврна во Берово – 7 литри на квадратен метар. Следат: 7 Пожаране, 5 Охрид, Маврово. 4 Попова Шапка, Лазарополе, 3 Тетово, Виница, Крушево, 2 Дојран, Струмица, Ѓуриште, Претор, 1 Куманово, Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид и Крива Паланка.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно облачно, во источните делови со локални појава на дожд. Дуваше слаб до умерен, променлив ветер.

Температури:

-2 Попова Шапка, Лазарополе, -1 Маврово, 1 Кр.Паланка, 3 Виница, Битола, Крушево, Тетово, Куманово, 4 Скопје – За. Рид, Прилеп, Берово, Скопје – Петровец, Охрид, Штип, 5 Претор, Струмица, 6 Д.Капија, 7 Гевгелија.

Претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови и со слаб до умерен ветер од северен правец поизразен од изутрина и претпладне вдолж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали.  Максималната температура ќе биде во интервал 8 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне умерено до значително облачно со повремено умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ветерот ќе ослаби. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.