Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што вечерва се случи на излезот од Охрид на магистралниот пат кон Битола.
Според првичните информации, повозрасно лице бил прегазено од моторно возило „Ауди“ со охридски регистарски таблички на коловозот кај село Лескоец, што се наоѓа на самиот излез од Охрид.
Полицијата го потврди случајот, на самото место се врши увид што треба да ги утврди причините за несреќата, а повеќе информации од СВР најавија за утрешниот ден.
МИА