Ужасни вести доаѓаат од Бразил. Фудбалерките на Абелас Раињас се нападнати од разбојници после натпреварот со Флуминенсе.
Автобусот со кој тргнале на натпреварот бил пресретнат од вооружени и маскирани разбојници кои ги ограбиле фудбалерките.
Бразилските медиуми наведуваат дека една од фудбалерките претрпела сексуално злоставување.
– Се чувствувавме како во хорор филм. Не можевме ниту да спиеме размислувајќи за тоа што се случи, а можеше да биде и полошо – истакна претседателката на клубот Китерија Алвес.
Објаснето е дека напаѓачите украле торба со документи и пари, а тренерот Бегао Силва пријавила дека една од нејзините играчи била сексуално малтретирана.
Напаѓалите прво го сопреле автобусот и го истерале возачот и почнале да грабаат. Имале ножеви и можеле да ги повредат фудбалерките ако во меѓувреме воената полиција со куршуми во воздух не ги растерала и спречила поголеми инциденти.
Извор и фото: Mondo.rs