„Куќата на Кевин“ на Божик ги отвора вратите за тие кои сакаат да поминат ноќ кај семејството Мекалистер – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/21 3:35 PM

„Куќата на Кевин“ на Божик ги отвора вратите за тие кои сакаат да поминат ноќ кај семејството Мекалистер

Омилената филмска куќа на сите генерации, онаа со која се снимаше оригиналниот филм „Сам дома“, годинава за новогодишните и божиќните празници, ќе ја нуди позната услуга за изнајмување апартмани и станови. Airbnb објави дека во овој празничен период ја изнајмува куќата од филмот  додека семејството Мекалистер е „на своето божиќно патување“.

Според најавата на платформата на „Airbnb“, најмногу четворица гости ќе можат да престојуваат во куќата во Чикаго една ноќ, на 12 декември, за само 25 долари. Адресата ќе биде објавена кога ќе се направат резервациите, кои ќе започнат на 7 декември во 13 часот, стои во објавата на Инстаграм и Твитер.

Гостите ќе ги пречека актерот Девин Ретреј, кој го играше Бејс, постариот брат на Кевин Мекалистер. Таму ќе биде и неговиот миленик-тарантула, кој ги исплаши крадците, бидејќи без пајаци не би бил вистински Божик, тврдат во „Ербиенби“.

Посетителите ќе бидат почестени и со „Најдобрата пица од Чикаго“ за време на проекцијата на римејкот на филмот наречен „Сам дома, објавен минатиот месец.

извор и фото : Blic.rs