Дневен билтен на Општина Штип – 27.08.2018 – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/18 12:14 PM

Дневен билтен на Општина Штип – 27.08.2018

Честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во која се вели:
„Дозволете во мое лично име и во име на Општина Штип до сите православни верници да упатам искрени честитки по повод овој голем празник, со желби за добро здравје, мир и благосостојба.
Со славењето на овој празник се афирмираат основните човекови вредности на почит, правичност и праведност, вредности коишто претставуваат основа на нашето современо и праведно општество. Овој празник потсетува на суштинското значење на човечката посветеност и искреност.
Нека овој празник биде поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција.
Со добри мисли и хуманост да го градиме нашиот заеднички дом во кој приоритети се меѓусебна почит, разбирање и добрина.“
Одбележување 85 години од првиот официјален натпревар во кошарка
Вечерва со почеток во 19:00 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе биде одбележана 85-та годишнина од првиот официјален натпревар во кошарка одржан во Штип и Македонија.
„Размрдај се“ – Време за спорт и забава со „Мрдни со прст“
Во рамките на летниот караван на активности што се спроведуваат преку граѓанската платформа „Мрдни со прст“, во сабота беше спроведен настан од спортско