ОБСЕ/ОДИХР ќе го следи референдумот со 270 набљудувачи – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/18 12:08 PM

ОБСЕ/ОДИХР ќе го следи референдумот со 270 набљудувачи

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе го следи референдумот на 30 септември годинава. За ова, денеска амбасадорот Јан Петерсен го информирал министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој исто така, информирал и за планираните активности на Набљудувачката мисија во период до референдумот и на самиот ден на изјаснување, која инаку согласно препораката на Мисијата за проценка на потребите на ОДИХР би требало да брои околу 270 набљудувачи.

Димитров, изразил задоволство од прифаќањето на неговата покана – ОДИХР да испрати набљудувачка мисија за Референдумот во Република Македонија. Го истакнал историското значење на актуелните процеси, како и на можноста граѓаните преку овој демократски чин да ја искажат својата волја по прашањето, кое, како што рекол, е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така и врз политичкото стабилизирање на Регионот.

ОБСЕ/ОДИХР денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за набљудувањето на претстојниот референдум.