Не е потребна цeлосна забрана за патување, тоа нема да ја спречи пандемијата-охрабрува СЗО – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/21 11:38 AM

Не е потребна цeлосна забрана за патување, тоа нема да ја спречи пандемијата-охрабрува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) смета дека пандемијата со ковид-19 не може да се запре со целосна забрана за меѓународно патување. Според препораката на СЗО за меѓународен сообраќај во врска со новиот вид на корона вирусот Омикрон, целосната забрана за патување нема да го спречи ширењето на вирусот низ светот, а тоа тешко ги оптоварува животите и егзистенцијата на луѓето.

Во документот на СЗО се нагласува дека земјите треба да продолжат со пристап заснован на докази и проценка на ризик при воведување мерки за патување, во согласност со Меѓународните здравствени регулативи. Дополнително, вкупните забрани за патување „може негативно да влијаат на глобалните здравствени напори за време на пандемијата, обесхрабрувајќи ги земјите да известуваат и објавуваат епидемиолошки и последователни податоци“, соопшти СЗО.

Меѓу препорачаните мерки, СЗО наведува скрининг на патниците пред или по патувањето, вклучително и употреба на тестови за коронавирус или карантин за меѓународни патници. Овие мерки, сепак, треба да се дефинираат преку процес на проценка на ризикот.
СЗО додава дека мерките треба да бидат пропорционални на ризикот и временски ограничени и да се спроведуваат „со почитување на достоинството на патниците, човековите права и основните слободи“.

извор: srbijadanas