(Видео) Бирајте на каков кревет сакате да спиете – Снежна бура зароби муштерии и вработени, преспале салонот на ИКЕА во Данска – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/21 8:23 AM

(Видео) Бирајте на каков кревет сакате да спиете – Снежна бура зароби муштерии и вработени, преспале салонот на ИКЕА во Данска

Продажниот салон на стоковната куќа ИКЕА на северот на Данска се претвори во огромна спална соба, откако шест муштерии и дваесетина вработени останаа заробени во неа поради снежно невреме и беа принудени да преноќат во продавница.

До моментот кога стоковната куќа во Алборг се затвори во средата навечер, паднаа и до 30 инчи снег, што ги зароби клиентите и вработените.

 

„Спиевме во нашиот изложбен салон на првиот кат, каде што имаме кревети, душеци и софа кревет“, изјави менаџерот на продавницата Питер Елмос за таблоидот Екстра Бладет. Тој вели дека тоа било можност луѓето да го изберат токму креветот што отсекогаш сакале да го пробаат.

Елмос рече дека ја поминале вечерта гледајќи телевизија и јадејќи.

„Помина одлично. Беше добра ноќ. Многу забавно“, рече тој.

Извор;www.index.hr

Фото: Инстаграм