СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Во текот на март 2020 година С.С., кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Штип набавил хероин заради продажба на наркозависници во затворот и му бил пронајден од затворските службеници.