Дури седум автобуси возеле со несиправи сопирачки во Охрид, Струга и Кичево – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/21 4:23 PM

Дури седум автобуси возеле со несиправи сопирачки во Охрид, Струга и Кичево

На подрачјето на Охрид денес се извршени засилени контроли во сообраќајот, информираат од СВР Охрид.

-На 01.12.2021 година, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли  на автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници. Притоа, контролирани се 51 автобуси (Охрид-12, Струга-15, Кичево-19, Дебар-05) од кои, 47 се упатени во станици за технички преглед (Охрид-12, Струга-11, Кичево-19, Дебар-05). Притоа, кај 07 автобуси, констатирани се неисправни уреди за запирање (Охрид-03, Струга-03, Кичево-01), кај 05 автобуси, регистрирани се недостатоци од друга соодветна опрема (Кичево-02, Дебар-03) поради што, се исклучени од сообраќај а возачите се соодветно санкционирани, информираат од СВР Охрид.