Чадорот како аксесоар за дождливи денови – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/18 8:14 AM

Чадорот како аксесоар за дождливи денови

Веруваме дека денеска чадорот е вашиот задолжителен аксесоар. Дождот ни го наметнува чадорот кој може да се најде и во улога на моден додаток, покрај тоа што ве штити од дожд има и естетска улога која го надополнува стилот.

Модните дизајнери работат доста и на овој моден додаток со цел да се прилагодат на трендовите, кога станува збор за боите и дезените. Изборот може сами да си го направите и да одговара на вашата дневна комбинација која сте ја одбрале од класични до оригинални и екставаганти чадори за дожд.  Помеѓу актуелните во светот на модата се чадори со црна, сива, темно црвена и портокалова боја, како и оние на пруги кои пак одлично се надополнуваат со рокерски имиџ.


Советот кој ќе ви го даде секој стилист е чадорот секогаш да го бирате според вашата облека, подеднакво право во изброт чадорот има како одлуката за вашиет чевли и чанти. Тие велат дека селекцијата на чадорот секогаш треба да биде внимателно направена, затоа што тоа е детал кој има значајна улога во вашиот стил.

Задолжително имајте го при рака вашиот моден детал и заштитник од дождот, одберете чадор по ваш крој кој ќе ви одговара на модните секојдневни коминации. Не дозволувајте временските неприлики да влијаат на вашиот моден стил.