Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од The Banker – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/21 11:57 AM

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од The Banker

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на оваа банка, втора година по ред, препознавајќи ја нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите.
„2021 беше уште една година исполнета со предизвици, во која продолженото економско влијание на пандемијата бараше преземање претпазливи одлуки. Ние сме многу задоволни и горди што успеавме да ги надминеме овие предизвици и да продолжиме да бидеме фактор на стабилност за нашите клиенти и партнери“, рече главниот финансов директор и член на УО Маја Стевкова Штериева, на вчерашното свечено прогласување во Лондон.
Магазинот The Banker (издание на Financial Times) разгледува широк спектар на критериуми и наградата ја доделува на банки кои покажале успешни финансиски резултати, успех во целокупната деловна стратегија, со кој оствариле конкурентска предност, унапредување и развој на технологијата и на производите и услугите, како и соодветен одговор на кризата наметната од ковид-19. Годинава се наградуваат банките кои вложија дополнителен напор за поддршка на своите клиенти и поширокото општество, понудија нови дигитални производи и услуги, со кои станаа побрзи на пазарот и поиновативни и се истакнаа со својата посветеност на градење поодржлив и поинклузивен свет.
„Нашите клиенти веруваат во нас и очекуваат да се справиме со сите предизвици, без оглед на сѐ. Ние веруваме во нашиот капацитет за исполнување на нивните очекувања и во нашата определба дека- полесно е заедно. Затоа во годината во која се справуваме со продолжената пандемијата, повторно се најде инспирација во потребите и довербата на своите клиенти, а за возврат им овозможи ново, подобрено корисничко искуство преку ребрендирање, визуелно освежување и понуда на нови и дополнети производи“, наведуваат од Комерцијална банка, која е добитник на „Банка на годината во Северна Македонија“ девет пати досега.

(МИА)