„Комерцијален текст“
- ЕБОР, ЕУ, Австрија и локалните партнерски банки донираат дрва за да ги обележат резултатите од GEFF Програмата во Северна Македонија
- Програмата за енергетска ефикасност на ЕБОР, до сега поддржа 2.500 домаќинства во Северна Македонија
- Домаќинствата добија грант од ЕУ, до 20% од износот на кредитот
Денес во Скопје беа засадени 50 каталпа дрва како израз на стремежите за позеленување на градот Скопје. Дрвата се донација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската Унија (ЕУ), Австрија и локалните партнерски банки: Шпаркасе банка, НЛБ банка, ПроКредит банка и Комерцијална банка, како дел од Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрувања на енергетската ефикасност.
Со цел да ги обележи резултатите од GEFF Програмата и симболично да се придонесе во борбата со климатските промени, ЕБОР, ЕУ и Австрија ќе засадат дрва во ноември и декември 2021 година, во шестте држави на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Истовремено, дрвата се и награда за најактивните партнер банки, како и за производителите и продавачите на технологии за енергетска ефикасност, за нивниот придонес во успехот на GEFF Програмата на Западен Балкан.
Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Подобрувањето на енергетската ефикасност води кон помало користење на енергија, помали сметки и општо земено, подобар квалитет на живот. Драго ни е што домаќинствата во Северна Македонија имаа можност да ги почувствуваат бенефитите од GEFF Програмата. Северна Македонија покажа голем интерес за инвестирање во технологии за енергетска ефикасност, со над ЕУР 18 милиони потврдени инвестиции во изминативе четири години. Би сакале да се заблагодариме на нашите GEFF партнери, на донаторите ЕУ и Австрија, Шпаркасе банка, НЛБ банка, ПроКредит банка и Комерцијална банка, како и на продавачите на зелени технологии: Еко Вент, Рабуш Пласт, Кармен Бауцентар, Тeхноауто, Даикин-Алмакос, Рехау, Усјепор, за помошта во успешната имплементација на GEFF Програмата во Северна Македонија.
Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европска Унија додаде: “ЕУ Зелениот договор има за цел да ги насочи политичките амбиции во справување со климатски промени, еколошката деградација и колапс на биодиверзитетот во превземање на сеопфатни практични чекори. Зголеменото користење на обновлива енергија и активности за подобрување на енергетската ефикасност се клучни елементи во креирање на позелена и поодржлива иднина која е во согласност со овие амбиции. Програмата за финансирање на зелена економија која е ко-финансирана од ЕУ, имаа помогнато на повеќе од 2.500 домаќинства преку инвестиции во заштеда на енергија. Следат уште многу активности, бидејќи ова е само дел од поддршката на ЕУ за одржлив економски раст насочен кон обичните граѓани.”
Георг Воутсас, Австриски Амбасадор во Северна Македонија изјави:,, Енергетската ефикасност е моќен извор за експлоатација, но бара заеднички напор и соработка. До сега, Австрија има доделено над ЕУР 5 милиони во ГЕФФ Програмата, и е клучен партнер во оваа иницијатива. Навистина е одлично да се види дека програмата им има помогнато на импресивен број луѓе во Северна Македонија и во поширокиот регион, во подобрување на енергетската ефикасност за домовите, придонесувајќи кон намалување на емисиите на штетните гасови во воздухот.”
,,Градот Скопје ќе се фокусира кон поддршка на активностите насочени во заштита на човековата околина, кои имаат директно влијание во создавањето подобра иднина. Со заеднички напор, можеме да влијаеме кон зелената транзиција и да ја оствариме визијата за зголемување на осознавањето на проблемите во човековата средина, истовремено овозможувајќи посилен еколошки заштитен систем”, изјави Данела Арсовска, Градоначалничка на Град Скопје. Засадувањето на дрвата беше помогнато од “ЈП Паркови и Зеленило” како и од волонтерите на организацијата “Биди зелен”.
„Во изминатите четири години Шпаркасе Банкa беше еден од активните промотери на WB GEFF програмата и заедно со поранешна Охридска банка, реализираа вкупни пласмани од 15 милиони ЕУР. Преку нашата продажна мрежа работевме интензивно за поголема директна промоција на програмата, што придонесе за поголема едукација и свесноста кај граѓаните за примена на енергетско-ефикасни материјали при реновирање или изградба на нивните домови.“ – изјави Нина Неданоска, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
„Ни причинува големо задоволство да бидеме дел од оваа иницијатива за засадување дрва и да ја дадеме нашата поддршка особено што истата е во линија со Стратегијата на НЛБ Банка за управување со животната средина и социјални прашања. Таа е целосно имплементирана во начинот на нашето секојдневно работење, а Банката активно финансира проекти со кои даваме значаен придонес за развој на зелената економија, но и сме активни учесници во реализација на спонзорства и донации кои го покриваат токму овој сегмент.“- Гинтер Фриедл, член на Управен одбор на НЛБ Банка.
“ПроКредит Банка се приклучи на ГЕФФ Програмата овозможена од ЕБОР и наменета за инвестиции во енергетско ефикасни проекти. Истата е во согласност со она што ние како институција се залагаме, бидејќи еколошката одржливост е еден од главните принципи на нашето работење. Ја поздравуваме зелената иницијатива за засадување зеленило и преку иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, се приклучуваме кон денешната акција со донација од 10 садници, за да придонесeме кон пoчист воздух и зачувување на животната средина”, изјави Емилија Спировска член на Управен Одбор на ПроКредит Банка.
,,Комерцијална банка е горда на своето учество во реализацијата на ГЕФФ Програмата со кредитна поддршка за домаќинствата да ги намалат потрошувачката на енергија и загадувањето на животната средина. Придонесот на Банката е значаен бидејќи има за цел да создаде подобар свет за сегашните и идните генерации и за да ја сочува планетата Земја”, изјави д-р Маја Стевкова Штериевa, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Домаќинствата кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност во домовите може да аплицираат за специјално наменетите кредити преку ГЕФФ партнерските финансиски институции. По успешното завршување на инвестицијата, домаќинствата добиваат грант финансиран од ЕУ, во износ до 20 % од вкупната сума на кредитот, со што поддршката е многу повеќе достапна за граѓаните.
ГЕФФ Програмата е креирана од ЕБОР и е ко-финансирана со грант средства од ЕУ, Австриското федерално Министерство за финансии, билатералните донатори и Инвестициската Програма за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF). До сега, има поддржано над 10.000 домаќинства во регионот, подобрувајќи ја енергетската ефикасност во изминативе четири години преку инвестирање во нови прозорци, изолација, топлотни пумпи, итн. Програмата, која нуди специјализанти кредитни линии и грант средства, финансира инвестиции во зелена технологија во вредност од ЕУР 50 милиони. Истата е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (Regional Energy Efficiency Programme-REEP) за Западен Балкан и е имплементирана партнерски со Секретаријатот на енергетската заедница .