Поплавени куќи и подруми, во кавадаречкото село Возарци поради невреме со поројни дождови.
Претседателот на месната заедница, Зоран Силјанов информира дека во моментов трае извлекувањето на надојдената вода со пумпи. На лице место е и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
Обилни врнежи од дожд проследени со грмотевици ја зафатија Тиквешијата од доцна синоќа, а дождот сеуште паѓа. Тиквешани се вознемирени од невремето во најлозарскиот дел на Македонија и поради прекинатата берба на грозјето и страв од негово капење и губење на шеќерноста.