Штип новогодишно ќе светне со старите украси, дополнителни трошоци нема да има – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/21 3:20 PM

Штип новогодишно ќе светне со старите украси, дополнителни трошоци нема да има

Штип и годинава за новогодишните празници ќе биде украсен, но скромно, со веќе постоечките реквизити кои општината ги има набавено од порано.

Градското подрачје ќе биде украсено како и вообичаено, а новитет е што годинава ќе има и новогодишен базар, наменет пред се за забава на најмалите.

Општината поради енергетската криза нема да троши пари за ново украсување, туку трошоци ќе има само за поставувањето и тргањето на украсите и реквизитите, околу 100 илјади денари.

Градоначалникот Јорданов вели дека општината се уште нема донесено одлука дали ќе се даваат традиционалните награди за најдобро украсен дом и јавна установа, но смета оти треба да се рационализираат трошоците и да се доделат само признанија.