Поранешниот сопруг на Моника Белучи се ожени со 30 години помлада манекенка – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/18 9:00 AM

Поранешниот сопруг на Моника Белучи се ожени со 30 години помлада манекенка

Поранешниот сопруг на Моника Белучи, францускиот актер Винсент Касел, се ожени со 31 година помладата манекенка Тина Канакеј.

Венчавката се одржа во Бидар, југозападна Франција, а на церемонијата присуствуваа стотина гости.

– Имам 52 години и ќе се оженам за 21-годишна девојка. Многу сум заљубен и сигурен сум дека ќе имаме деца, наведе Касел во интервју непосредно пред венчавката.

Касел радосната вест за венчавката ја сподели и преку социјалните мрежи, а новиот брачен пар беше пречекан од бројни обожаватели пред зградата во која се венчаа.

Двајцата се заедно од 2016 година, а се запознале на сурфање.

Касел 14 години беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи, со која имаат две деца, а се разведоа во 2013 година.